Истражете ја фасцинантната минатост на Заливот на Коски, извонредно археолошко место кое нуди увид во животот во древни времиња
Почетоци
Во 1977 година беа извршени првите подводни археолошки истражувања во Македонија на локалитетот Плоча Миќов Град, во Заливот на Коските, покрај јужниот брег на полуостровот Градиште, близу селото Пештани
Подводни истражувања
Во периодот од 1993 до 1997 година, при дополнителни кампањи, на дното од езерото беа евидентирани околу 6000 дрвени колци, кои укажуваат на големината и структурата на некогашната наколна населба. Според мерењата, таа се простирала на околу 8500 м², на 10-тина метри од брегот, долга 155 м и широка 55 м.
Нуркачки експедиции
Во периодот од 2003-2004 година беа извршувани нуркачки експедиции на дното на теренот со кои беа рекогницирани и документирани сите преостанати површини на населбата и беше откриен редок движен археолошки материјал и остатоци од масивен керамички сад-питос.
Завршена санацијата на Музејот
На 12 јули 2025 година, беше официјално завршена санацијата на Музејот на вода во Заливот на коските. За обнова беа потрошени околу 15 милиони денари (преку 240.000 евра), обезбедени од Заводот и музејот во Охрид. Беа реновирани изложбениот простор, санитарните јазли, покривите на колибите, како и терасата и системот за наводнување.